ТИМ и спортови
- Се пријавува тим од 4 - 6 члена
- Секој тим мора да е пријавен од страна на компанија
- Компаниите може да пријавуваат повеќе од еден тим
- Еден тим мора да избере најмалку 4 спорта (трчање, велосипед, кајак, стрелаштво, стреличарство, фрлање на копје во мета, пикадо) во кои ќе се натпреварува
- Eден член од тимот може да се пријави да учествува во повеќе различни спортови
- Трката со џип и мотор не влегуваат во официјалниот натпреварувачки дел и се ревијални, односно, пријавувањето ќе биде на денот на одржувањето.
- Секој тим треба да учествува и во Adventure Games
- Секој тим сам одлучува кои членови во која игра ќе учествуваат во Adventure Games (секоја игра се извршува со не повеќе од 4 члена)
- Секој тим мора да има барем една жена учесник
НАПОМЕНА: Право на учество имаат оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2005/2006 година.
Бодување и победа
- Во бодирањето влегува само најдобриот резултат од тимот од секоја дисциплина во која учествувал а не спаѓа во ревијалните
Пример: Доколку од еден тим двајца натпреварувачи учествуваат во стреличарство, во главниот резултат ќе се брои само еден резултат, односно, резултатот/бодовите од оној кој е подобро пласиран во однос на другиот - Бодувањето на Adventure Games е според постигнатите резултати (најдобро време за извршување на активноста) на секоја поединечна игра
- На крај се собираат поените од двата дена, од Sport Challenge и Adventure Games и се прогласуваат најдобрите тимови според листата на бодирање
Учество
- За да пријавите тим потребно е да ја превземете и потполните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО со сите потребни информации како и ИЗЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО потполнета од сите членови од тимот, скенирана и пратена на e-mail адресата petar@exploringmacedonia.com;
НАПОМЕНА: Учеството во настанот со свој тим е бесплатно. Сместувањето како и трошоците за храна не се покриени од организаторот, но ќе бидат понудени промотивно ниски цени за сместување со појадок во хотелите на Ски Центарот Маврово како и храната на пунктовите за пикник.