ДИСЦИПЛИНИ
Секоја од спортските дисциплини е направена и организирана од страна на професионални спортски друштва кои се долгогодишни експерти во својата област. Сепак тежината на спортовите е наведена и класифицирана според карактеристиките на аматерско натпреварување.
KАЈАК НА МИРНИ ВОДИ
Изведувач – Exploring Macedonia”
Оваа дисциплина е наменета за двајца натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат со кајак двосед. Натпреварувачите имаат за цел да поминат од 200 до 400 метри обележана патека со најдобро време пред останатите тимови. Организаторот обезбедува соодветна опрема, кајак и весло, додека натпреварувачите потребно е да носат соодветна опрема за водени спортови според нивна желба.
СТРЕЛИЧАРСТВО
Изведувач – Стреличарски клуб “Валсодар”
Овaa дисциплинa е наменетa за еден натпреварувач. Натпреварувачите најпрво имаат пробно натпреварување каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема, лак и стрела за стреличарство со соодветен инструктор, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.
СТРЕЛИЧАРСТВО
Изведувач – Стрелaчки клуб “Mikei”
Овaa дисциплинa е наменетa за еден натпреварувач. Натпреварувачите најпрво имаат пробно натпреварување каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема, воздушна пушка и диаболи со соодветен инструктор, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.
ФРЛАЊЕ НА КОПЈЕ И ПИКАДО
Изведувач – Exploring Macedonia
Овие дисциплини се наменети за еден натпреварувач. Натпреварувачите најпрво имаат пробно натпреварување каде стекнуваат почетно искуство за користење на опремата. Поставени се соодветни мети и за двете дисциплини кои носат различни поени според местоположбата и делот од самата мета. Потоа следи втор круг, од кој само од него остварените резултати се рангираат и бодуваат. Организаторот обезбедува соодветна опрема, лак и стрела за стреличарство со соодветен инструктор, дијаболи и воздушна пушка исто така со соодветен инструктор, додека натпреварувачите потребно е да носат нормална спортска опрема според нивна желба.
ПЛАНИНСКО ТРЧЕЊЕ
Изведувач – Спортски клуб “ENERGY”
ДОЛЖИНА - 3.8км (дисциплината е во две групи – мажи и жени)
ТЕЖИНА - Средна ВИСИНСКА РАЗЛИКА – 200м
МАКС. НАГИБ - 35% ПРОС. НАГИБ – 9.2%
Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планинско трчање каде патеката е долга 3.8 км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се поставени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина потребно е само натпреварувачот да има соодветна спортска опрема според неговата желба. Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што одделно се бодуваат мажите а одделно жените.
ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Изведувач – Велосипедски клуб “ENERGY”
ДОЛЖИНА - 7.6км за мажи; 3.8км за жени
ТЕЖИНА - Средна ВИСИНСКА РАЗЛИКА – 400м
МАКС. НАГИБ - 35% ПРОС. НАГИБ – 9.2%
Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планински велосипедизам каде патеката за мажи е долга 7.6км а за жени 3.8км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се поставени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина секој натпреварувач потребно е да си носи своја опрема (велосипед и спортска опрема). Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што оделно се бодуваат мажите а одделно жените.
Организаторот за оваа натпреварувачката дисциплина, доколку е потребно и по барање на учесниците, може да изврши транспорт на Велосипеди од точно одредена локација во Скопје до Маврово и назад.
ТРКА СО ЏИПОВИ, АТВ и КРОС МОТОРИ – Рeвијално
Иведувач – Мото Клуб “Александар”
ДОЛЖИНА - 46км за мажи; 3.8км за жени
ТЕЖИНА - Средна ВИСИНСКА РАЗЛИКА – 1650м
МАКС. НАГИБ - 21% ПРОС. НАГИБ – 9.2%
Овие две трки се ревијални трки и не влегуваат во официјалните резултати за бодување. Се прогласува само најдобриот резултат и организаторот доделува признание на победникот. Секој учесник учествува со свое возило и опрема, а организаторот не одговара за никаков проблем при оштета за време на трката и после неа.